Властите на Бахреин им наредија на катарските сили кои се борат заедно со коалицијата што војува против Исламската држава, да ја напуштат нивната територија.
– Бахреинците им кажаа на командантите на американската морнарица во базата дека војниците на Катар мораат да си заминат. Тие се уште се наоѓаат во базата, но веројатно ќе ја напуштат во наредните два денови, наведе анонимен извор.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин го обвинуваат Катар дека го поддржува тероризмот. Катар ги отфрла овие обвинувања.