Катар ќе купи од Франција 24 борбени повеќенаменски авиони од типот Рафал, потврди Елисејската палата, јавува дописникот на МИА од Париз.
Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијуснајави пред три недели дека е можна нова нарачка на авиони. Имено, по Египет кој прв нарача во февруари 24 авиони од типот Рафал, Индија 36 во април, Катар е третата земја која одлучи да купи 24 француски авиони во вредност од 6,3 милијарди евра.
Договорот со Катар предвидува обука на 36 пилоти и стотина механичари.
Во комуникето на Елисејската палата, се појаснува дека претседателот Франсоа Оланд разговарал телефонски со емирот на Катар Тамим Бен Хамад Ал-Тхани.
„Тој (шеикот) му потврдил дека неговата земја посакува да се стекне со 24 борбени авиони Рафал“.
Преговорите беа завршени и потпишувањто на зделката ќе биде на 4 мај во Доха, каде ќе отпатува Франсоа Оланд. Испораката на првите авиони е предвидена за 2017 година.
Договорот меѓу Франција и Катар бил одобрен при средбата меѓу францускиот министер за одбрана Жан-Ув ле Дриан и емирот на Катар Тамим ал-Тхани на 21 април, откако преговорите започнаке во февруари 2013 година.
На 24 февруари емирот му рекол на францускиот министер за одбрана „Татко ми во вети дека ќе купи авиони, ќе ги купиме“. Катар веќе располага со 12 француски авиони од типот Мираж 2000.
Преговорите биле забрзани и поради тензиите во регинот. Катар има потреба од авиони и колку подолго се одолговлекуваат преговорите, толку повеќе ќе касни и нивната испорака.
Следната на листата која може да купи француски Рафали е Малезија и Арапските Обединети емирати, а Индија може да направи нова нарачка за комплетирање на првата.
Фабриката на Дасо во Ерињак кај Бордо произведува еден авион месечно, откако го намали производствот поради немање на нарачки. Новите нарачки, ќе се одразат на француската армија чии испораки ќе бидат ставени во втор план.