Катар ќе ја испитува положбата на работниците имигранти

Од:

Катарските власти ја ангажираа британско-американската компанија „ДЛА Пајпер“, која има свои претставништва ширум светот, да ги испита тврдењата дека работниците-имигранти кои работат на големите инфраструктурни проекти за Светското првенство во фудбал во 2022 година, биле експлоатирани.

Советникот во катарското Министерство за труд, Али ал-Колејфи изјави дека оваа фирма ќе спроведе независно истражување на ваквите тврдења и за нивната вистинитост ќе го информира Министерството, кое по подготвувањето на извештајот „ќе ги преземе сите потребни мерки да одговори на овие обвинувања“.

– Владата на Катар своите меѓународни обврски ги разбира сериозно, истакна Ал-Колејфи, додавајќи дека тоа посебно се однесува да најновите наводи за кршење на меѓународните конвенции за присилна работа.

Претседателот на Катарскиот комитет за човекови права, Али ал-Мари, коментирајќи го тврдењето на британскиот весник „Гардијан“, нагласи дека „не постои ропска или насилна работа во Катар“.

Минатата недела „Гардијан“ објави дека десетина градежни работници од Непал, кои работат во Катар, починале изминатите недели, а работниците на проектите за Мундијалот се третирани како робови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот