Катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани денеска изјави дека Катар ќе ги отфрли серијата барања кои кон Доха ги упатија неколку арапски држави.
Тој соопшти дека целта на овој ултиматум не била борбата против тероризмот, туку намалувањето на катарскиот суверенитет.
Обраќајќи се до новинарите во Рим Ал Тани рече дека Доха и натаму е подготвена да седне и да расправа за поплаките на неговите арапски соседи.
-Листата со барања ќе биде отфрлена, нема да биде прифатена. Подготвени сме да се ангажираме во дијалогот, но под соодветни услови, рече катарскиот шеф на дипломатијата.
Ал Тани изјави дека Катар нема да ја затвори турската воена база во земјата, ниту да го затвори сателитскиот канал „Ал Џазира“, што го бараа арапските земји.