Катар ги оцени барањата на четирите арапски земји како нереални

Од:

Катар ја разгледал листата со барања упатени до оваа земја од страна на четири арапски земји, неопходни за нормализирање на меѓусебните односи. Сепак, малиот, но богат и влијателен емират во Персискиот Залив овие услови ги оцени како неразумни и неостварливи. Овие оценки беа изнесени преку соопштение на катарската влада.

Барањата упатени од Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати предвидуваат 13 точки, меѓу кои се бара Катар да ги прекине сите врски со движењето Муслиманско братство и со други групи како Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава.

Според листата на барања, Катар треба да се откаже од натурализација на граѓани на четири земји и да ги протера тие кои се на негова територија. Предвидено е и Катар да ги предаде сите лица по кои е распишана потерница во Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин под обвинение за тероризам; да го запре финансирањето на екстремистичките организации, прогласени за терористички од страна на САД, како и да достави информации за опозиционерите.

Што се однесува во делот за Иран, се наведува дека Катар треба да ги затвори дипломатските претставништва во Иран и да ги протера сите членови на елитниот ирански воен Корпус на гардата на Исламската револуција и да тргува со Техеран во согласност со американските санкции.

Во барањето за затворање на Ал Џезира, чие седиште е во Доха се посочува дека Катар треба да ги затвори сите филијали на сателитскиот телевизиски канал. Тоа значи и затворање на редакцијата на англиски јазик. Соседите на Катар ја обвинуваат Ал Џезира дека поттикнува нереди во регионот и го поддржува Муслиманско братство.

Претходно, Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа врските со Катар поради поддршка на тероризмот, обвинение повторено и од претседателот на САД, Доналд Трамп. Арапските држави поставија рок од десет дена за исполнување на барањата, во кои е вклучена и исплата на непрецизирана сума на отштета.

Во соопштението на катарската влада се потсетува дека државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ги повикал Саудиска Арабија и другите три земји да состават листа со разумни и исполнителни барања кон Катар.

„Оваа листа не ги исполнува овие критериуми”, се истакнува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он