Каталонските законодавци го одобрија планот за отцепување од Шпанија

Од:

Каталонскиот регионален Парламент денеска го одобри планот за прогласување независност од Шпанија до 2017 година.

На денешното гласање, 72 пратеници гласаа „за“, додека 63 беа против.

Предлогот беше поднесен од сеционистичките партии „Заедно за Да“ и крајната левица „Кандидатура за народно единство“, кои заедно имаат мнозинство гласови во Парламентот.

Оваа иницијатива шпанската централна Влада ја смета за неуставна, а Владата на премиерот Маријано Рахој претходно најави дека доколку предлогот биде усвоен, ќе преземе законски мерки да го оспори. По изгласувањето на предлогот, Рахој соопшти дека наскоро ќе има обраќање.

Иако каталонските ограноци на владејачката шпанска Народна партија и Шпанската социјалистичка работничка партија вложија жалби за да го спречат денешното гласање, шпанскиот Уставен суд во четвртокот пресуди дека тоа може да се одржи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија