Каталонските заговорници за независност испратиле писмо до шпанскиот крал Филип

Од:

Каталонските сепаратисти побараа од шпанскиот крал Филип да посредува во нивниот спор со централната Влада во Мардид околу референдумот за независност.

Владата во Мадрид одлучи да ја зајакне контролата врз финансиите на Каталонија, со цел да се спречи планираниот референдум за независност на шпанската покраина да се финансира од јавни пари.

Каталонците во писмото го повикуваат кралот на „отворен дијалог без предуслови“ за да се постигне договор за референдумот, објавија денеска шпанските медиуми, повикувајќи се на заговорниците за независност.

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау потврди дека е испратено писмо до кралот Филип и додаде дека копија му била испратена и на шпанскиот премиер Мариано Рахој.

– Неопходно е политичко решение. Рахој не може да избегне дијалог, истакна Колау.

Одговарајќи на барањето на Владата во Мадрид, шпанскиот Уставен суд минатата недела го прогласи за незаконски референдумот кој е најавен да се одржи на 1 октомври.

Кампањата за независност започна вчера со митинг во градот Тарагони, каде претседателот Карлес Пуџдемон им се обрати на илјадниците приврзаници.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски