Каталонските сепаратисти бараат прогласување независна држава

Од:

Најголемата сепаратистичка група во Каталонија, Националното каталонско собрание (АНЦ) побара од регионалната Влада во Барселона да прогласи независна „држава Каталонија“ по вчерашниот референдум за независност.

– Сега немојте да не изневерите. Дојде моментот на вистината, изјави синоќа лидерот на АНЦ, Жорди Санчес во обраќање до каталонската регионална Влада пред насобраната група поддржувачи на независноста на Каталонија на централниот плоштад во Барселона.

Тој нагласи дека очекува „многу наскоро да се роди новата каталонска држава“.

Претходно, лидерот на здружението „Омниум“, Жорди Куишарт синоќа соопшти дека двата водечки каталонски синдикати Генералната унија на трудот (УГТ) и Синдикалната конфедерација на работничките комисии (ЦЦОО), АНЦ и уште 41 органиција, кои ја поддржуваат независноста на Каталонија, во вторник ќе организираат генерален штрајк поради „крешењето на правата и слободите“ во овој шпански автономен регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија