Каталонските националисти планираат отцепување во 2017 година

Од:

Каталонските националистички партии и здруженија изработија патна карта со која се предвидува отцепување од Шпанија во 2017 година, доколку движењата за независност победат на регионалните избори во септември.

– Изборите ќе послужат како правен механизам за утврдување на волјата на народот на Каталонија, се посочува во договорот на двете водечки каталонски националистички партии и неколку здруженија.

Според патната карта доколку победат партиите кои се залагаат за независност ќе биде донесен нов устав и ќе се воспостават институции, кои ќе бидат основа за идната држава.

– Процесот на национална транзиција кон декларација на нова каталонска држава или република ќе почне по изборите на 27 септември и ќе кулминира најдоцна по 18 месеци, се посочува во патната карта.

Во планот се наведува и дека ќе биде распишан референдум за текстот на уставот, а потоа ќе следат парламентарни избори и преговори со кои би се утврдил новиот однос меѓу Каталонија со Шпанија и со Европската унија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба