Каталонија не ја дава контролата врз полицијата на Мадрид

Од:

Властите на шпанскиот автономен регион Каталонија го одбија барањето за предавање на контролата над регионалната полиција на централната Влада во Мадрид, која се обидува да го спречи организирањето на референдумот за каталонска независност, најавен за 1 октомври.

Каталонскиот министер за внатрешни работи Жаоким Форн денеска изјави дека прифаќањето на ваквото барање би и овозможило на шпанската Влада дирекно да раководи со регионалната полиција, која Мадрид ја обвинува дека не прзема мерки за спречување на референдумот.

– Го отфрламе обидот на државата за мешање во рабоата на полицијата во Каталонија – изјави Форн.

Шпанскиот Уставен суд донесе одлука за одлагање на референдумот, се додека не се изјасни по иницијативата на шпанската Влада за оценка на неговата уставност.

По ова, државната полиција и припадниците на Цивилната гарда приведоа неколкумина каталонски лидери и одзедоа гласачки материјали, во обид да го спречат одржувањето на референдумот.

Но, и покрај судска одлука и мерките на централната Влада, регионалните власти на Каталонија соопштија дека не се откажуваат од плановите за одржување на референдумот на 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски