Каталонија најавува симболичен референдум на 9 ноември

Од:

Каталонија денеска најави дека симболичното гласање за независноста на регионот ќе биде одржано за време на викендот, наспроти одлуката на шпанскиот Уставен суд за блокирање на планирните „консултации со граѓаните“ на Каталонија.

Администрацијата во Барселона ќе покрене и судска постапка против владата во Мадрид поради „гушење на слободата на изразување“ со поднесеното судско барање за блокирање на гласањето на 9 ноември, изјави портпаролот на каталонската регионална влада Францеско Омс.

Уставниот суд на Шпанија претходно денеска го блокира симболичното гласање за независност на Каталонија, на ист начин како и претходно планираниот референдум.

Шефот на каталонската регионална Влада Артур Мас за 9 ноември закажа „консултации со граѓаните“, откако судот на 29 септември го суспендираше неговото првично барање за одржување на официјален, незадолжителен референдум за независност.

Заменикот шеф на шпанскиот премиер Сораја Саенс де Сантамарија изјави дека каталонскиот план за симболичен референдум претставува „правна измама“ и „извртување“ на демократијата.

Според најновите анкети, објавени од весникот „Паис“, околу 49 отсто од Каталонците се против спроведување на референдум, а 44 се залагаат за негово одржување.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба