Каталонија ќе осиромаши ако се отцепи, тврди шпански министер

Од:

Каталонија ќе доживее „брутално“ осиромашување доколку се одвои од Шпанија, изјави шпанскиот министер за економија Луис де Гуиндос.

– Ќе дојде до брутално, целосно осиромашување на општеството. Бруто домашниот производ би можел да падне меѓу 25 и 30 проценти, а невработеноста ќе се удвои, изјави Де Гуиндос за радио „Копе“.

Тој оцени дека независна Каталонија би била надвор од еврозоната, со што 75 отсто од каталонските производи ќе бидат подложни на царина, банките ќе мораат да се преселат, а регионот ќе треба да воспостави сопствена валута.

– Независноста на Каталонија е апсолутно ирационална од економски гледна точка, оцени министерот.

Каталонија, на која отпаѓа една петина од шпанската економија и е со приближна големина на Белгија, закажа референдум за независност за 1 октомври, кој од мадридските и шпанските судови е прогласен за незаконски.

– Закажувањето на референдумот не влијаеше на економијата, бидејќи финансиските пазари не веруваат дека независноста на каталонците е одржливо и прифатливо решение, истакна Де Гуиндос.

Од друга страна, каталонската регионална Влада, која се залага за отцепување, тврди дека независна Каталонија ќе може да одлучува за сопствената фискална политика и инвестициите, што евентуално би го зголемило нивниот БДП.

Регионалните власти тврдат дека Каталонија сега на Мадрид му плаќа милијарди евра повеќе данок секоја година, отколку што добива средства преку инвестиции и услуги и оти тоа ќе заврши кога регионот ќе се отцепи од Шпанија.

Во Каталонија живеат околу 7,5 милиони луѓе, а стапката на невработеност, во вториот квартал изнесуваше 13,2 отсто, за разлика од стапката на невработеност во цела Шпанија, која изнесува 17,2 проценти.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски