Каталонците од странство почнаа да гласаат на референдуимот

Од:

Граѓаните на Каталонија, кои живеат во странство почнаа по пошта да гласаат на референдумот за независност на Каталонија, за која Шпанија тврди дека е незаконски.

Директорот на регионалната Канцеларија за надворешни работи на Каталонија, Раул Ромев истакна дека „каталонската заедница која живее во странство веќе почна да гласа“.

– Ако гласот „да“ победи на референдумот, што е закажан на 1. октомври ние ќе имаме право да бидеме слушнати од страна на Европска унија, истакна каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон.

За денеска е закажан собир во Барселона во знак на поддршка за независност на Каталонија и за право на глас на контроверзниот референдум, кој Шпанија го забрани. Денешниот собир се одржува на националниот ден на Каталонија, кој се прославува секоја година.

Уставниот суд на Шпанија го суспендира законот за референдум, кој во средата беше усвоен од каталонскиот регионален Парламент, додека Државното обвинителство најави тужба против Пуџдемон и другите членови на неговата Влада поради злоупотрреба на положбата, а од вработените во јавниот сектор побара да не учествуваат во организирање на референдумот.

– Ова е легален референдум, во согласност со законите кои ги усвои Парламентот на Каталонија, наведе Пуџдемон.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски