Кастекс: Рестораните и приватните собири се главните жаришта на Ковид-19 во Франција

Од:

Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека неделава ќе биде достапна национална студија за главните жаришта на коронавирусот во земјата. Според првите елементи со кои располага Кастекс, „рестораните и затворените места“ се покажале како главни вектори на заразата.

Францускиот премиер посочи дека наскоро ќе биде објавена националната студија спроведена од професорот Арно Фонтане во која тој уверува дека таа ги потврдува „арбитражите“ и изборот на владата во нејзините рестриктивни мерки: „Науката се приклучува на здравиот разум“, вели тој

Според првите елементи, „местата на контаминација се приватните собири во домовите, рестораните, кафулињата“, наведува тој. Или, пак, затворените места каде што не може да се носи маската, каде што се останува заедно, каде што интеракциите се посилни, како што се „спортски сали, ноќните клубови“, што конкретно беа споменати од премиерот.

-Вирусот не се разликува во Германија, рече тој, повикувајќи се на меѓународни студии, со кои оваа национална студија треба да се синхронизира. Оваа студија, треба да и помогне на владата да арбитрира во случај на трет бран на пандемијата.

Оваа национална студија, исто така, треба да го објасни фактот дека нема „други алтернативи за културните места“.

-Ние веруваме дека овие мерки се неопходни поради безбедноста и заштитата на француските мажи и жени. Нема знаци на презир кон културниот свет, рече тој.

Истата опсервација е и за затворените ресторани.

-Жалосно е да се затвораат рестораните, но тоа е потребно, уверува премиерот.

Особено што и тука „не можеме да гарантираме повторно отворање на 20 јануари “, додава тој. „Се ќе зависи од тоа како ќе ја поминеме сезоната на празници, што веќе реков дека може да биде погодно за забрзана циркулација на вирусот ако не бидеме колективно одговорни“, рече премиерот.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски