Кастекс: Франција е во третиот бран од епидемијата, нападнати сме од бројни варијанти на вирусот

Од:

„Епидемијата има продолжување“, изјави францускиот премиер Жак Кастекс пред Националното собрание, точно една година откако Емануел Макрон го нареди првото „затворање“ на земјата.

Франција „влезе во трет бран на епидемијата на коронавирусот, која се карактеризира со бројни варијанти“, нагласи при обраќањето пред пратениците премиерот Жан Кастекс, ставувајќи ја вакцинацијата „во првите редови на стратегијата за контрола“.

Откако неколку секунди молчеше за околу 90.000 мртви од Ковид-19 во Франција, на покана од претседателката на социјалистичката група, Валери Работ, премиерот повика да се „почитуваат повеќе од кога и да е елементарните гестови кои веќе една година ја гарантираат солидарноста пред прогресијата на пандемијата “.

Епидемиолошката состојба во земјата е навистина напната во неколку департмани, каде службите за интензивна нега во болницата се на прагот на преполнетост.

Запрашан што владата планира да стори за да спречи земјата да не се удри во ѕидот шефот на француската Влада изјави дека „очигледно би ја ставил вакцинацијата во првите редови на оваа стратегија за борба. Знаеме дека масовната вакцинација ќе ни овозможи да излеземе од тоа“.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски