Карневалите во Рио и во Сао Паоло одложени за април

Од:

Властите во бразилските градови Рио де Жанеиро и Сао Паоло објавија дека ги одложуваат традиционалните паради на училиштата за самба до крајот на април поради зголемувањето на случаите на новозаразени со сојот Омикрон на Ковид-19 во државата.

Претходно овој месец, двата града откажаа улични поворки и карневалски прослави, но сепак планираа да одржат паради на училиштата за самба кон крајот на февруари.

Парадите ќе се одржат кон крајот на април, се вели во заедничкото соопштение на властите на двата града. Бразил моментално е зафатен од уште еден бран на коронавирус поради брзото ширење на сојот Омикрон.

Во земјата се регистрирани во просек по 120.000 нови инфекции дневно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он