Карлес Пучдемон ретерираше за независноста на Каталонија

Од:

Новиот лидер на шпанската автономна област Каталонија, Карлес Пучдемон синоќа изјави дека неговата Влада нема да објави еднострана независност од Шпанија.

Со тоа Пучдемон признава дека недостига општествена поддршка за отцепување од Мадрид.

Сепаратистичките лидери во Каталонија претходно зборуваа за 18-месечна временска рамка и еднострано прогласување на независност.

Пучдемон истакна дека „се уште не се доволно силни да прогласат независност на Каталонија“.

Тој додаде дека резултатите од каталонските регионални избори, што се одржаа во септември, му даваат мандат да ја продолжи кампањата за независност.

– Но сегашната ситуација е преоден период на поставтономија и преднезависност, посочи Пучдемон.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски