Францускиот сатиречен магазин Шарли Ебдо на насловната страница објави цртеж со британската кралица Елизабета и Меган Маркл. На сликата Кралицата со налутен израз на лицето со колено притиска на вратот на Меган.
Авторот прави паралела со смртта на Џорџ Флојд кој почина откако полицаец девет минути го држеше на вратот со колено.
„Зошто Меган ја напушти Бакингемската палата?“ стои на насловната страница.
„Затоа што не можев веќе да дишам“, вели одговорот на Меган.
Pourquoi Meghan a quitté Buckingham ?
Retrouvez :
? Reportage : l'écologie sonore à l'écoute des animaux
? Enquête sur la véritable histoire du poison chlordécone
? Comment Erdogan traque ses opposants jusqu'en FranceEn vente demain ! pic.twitter.com/X7hJHKHPDx
— Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) March 9, 2021
Ова доаѓа откако во интервју кај Опра, Меган Маркл раскажа дека во кралското семејство тема на разговори била бојата на кожа на нејзиното бебе.
Насловната страница на магазинот ги разбесни обожавателите на британската кралица, но и многу активисти кои сметаат дека користењето на смртта на Џорџ Флојд за вакви цели е крајно несоодветно.