Капетанот на „Коста Конкордија“ осуден на 16 години затвор

Од:

Италијанскиот капетан Франческо Скетино беше прогласен за виновен денеска за бродската несреќа на крузерот „Коста Конкордија“ пред три години и осуден на 16 години затвор, јави ДПА.

Во јануари 2012 година бродот скршна од планираната маршрута и се насочи кон италијанскиот остров Џилио, каде се насука и делумно се преврте. Од 4.229 лица на бродот, 32 загинаа.

Скетино беше единствениот обвинет за несреќата во првообвинетиот суд во Гросето, Централна Италија.

Капетанот беше прогласен за виновен за убиство без предумисла на 32 лица, кои загинаа во несреќата, за потопување на брод, а исто и за тоа дека го напуштил бродот пред да заврши евакуацијата на сите луѓе на бродот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески