Капетанот на „Коста Конкордија“ изведен пред суд

Од:

Капетанот на туристичкиот брод „Коста Конкордија“ Франческо Скетино денеска се појави пред судот во италијанскиот град Гросето, каде почна претходната постапка против него и уште пет лица, обвинети за минатогодишната трагедија, пренесе ДПА.

На Скетино ќе му се суди по повеќе обвиненија, меѓу кои е убиство на голем број луѓе, предизвикување уништување на брод, напуштаљње на бродот и немање соработка со поморските власти.
Судијата што ја води претходната постапка треба да оцени дали обвиненијата се доволно квалитетни за почнување на суштински процес.

Се очекува процедурата да трае до јули, изјави адвокат, запознат со предметот.

При уништувањето на бродот „Коста Конкордија“ во јануари 2012 година загинаа 32 од 4.229 патника.
Освен капетанот обвинети се уште пет лица, од кои четворица се членови на екипажот и директорот на компанијата сопственик на потонатиот брод „Коста Крочиере“.

Патниците кои претрпеа повреди или страсови поднесоа заедничко барање за отштета во висина од половина милион евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески