Капетанот на Коста Конкордија бил против итна евакуација

Од:

Капетанот на бродот Коста Конкордија, Франческо Скетино против кого се води судска постапка поради бродоломот во кој во 2012 година загинаа 32 лица, изјави дека не сметал дека е потребно да нареди итна евакуација на патниците од тој луксузен брод.

Скетино на судењето рекол дека како капетан на бродот и како „втор човек по Господ“ на бродот, бил против рана евакуација на патниците, бидејќи сакал пловилото да го донесе што поблиску до брегот.

Во хаосот кој завладеал голем број патници скокнале во водите, а само дел од чамците за спасување бил употребени за евакуација.

На судењето преживеаните патници сведочеа за хаосот и задоцнетата евакуација, а Скетино е обвинет и за напуштање на бродот, на кој имало уште голем број патници и членови на екипажот, како и за предизвикување на несреќата.

За потсетување несреќата се случи во јануари 2012 година, кај островот Ѓиљо во Италија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески