Руската државна корпорација „Роскосмос“ на социјалните мрежи објави слика направена од вселенското летало Канопус-В, на која се прикажани тектонските промени кои настанале како последица на земјотресите во југоисточна Турција и Сирија.
„Роскосмос“ објави дека државната корпорација, на барање на Министерството за вонредни ситуации на Русија, ги користела силите и средствата Канопус-В ги забележа тектонските промени предизвикани од земјотресот во Турција на руската вселенска група за далечинско набљудување на Земјата, како и средства од Меѓународната повелба за Вселена и големи катастрофи за следење на територијата во југоисточна Турција од вселената.