Канибалската тројка во Бразил осудена на 23 и 20 години робија

Од:

Бразилскиот суд изрече казни од 23 и 20 години затвор за три лица, претходно обвинети дека убиле најмалку две жени, им ги изеле деловите од нивните тела, а месото го употребиле за подготовка и продажба на храна, соопштија судски претставници.

Хорхе Белтрао Негромонте да Силвеира е осуден на 23 години затвор, додека неговата сопруга Изабела Кристина Пирес и љубовницата Бруна Кристина Оливеира да Силва, добија по 20 години затвор.

Адвокатите на одбраната најавија тужба на пресудата.

Негромонте, неговата сопруга и љубовницата, се уапсени во април 2012 година во бразилското место Гаранус, а според полицијата тие ги признале злосторствата.

Тие успевале да ги намамат жените во својата куќа, ветувајќи им работа на дадилка. Полицијата во дворот на куќата пронашла остатоци од телата на две жени.

Во времето кога се уапсени, тројцата обвинети изјавиле на полицијата дека припаѓаат на сектата која спроведува „прочистување на светот и намалување на неговата популација“.

Бразилските власти соопштија дека оваа тројка користела месо на убиените жени за подготовка на оброци за себе и за детето кое живеело со нив, а еден дел и за подготовка на паштета која ја продавале на соседите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски