Парламентот на Канада синоќа одобри учество на канадските сили во воздушните напади врз вооружената група Исламска Држава во Ирак..
Конзервативната партија на канадскиот премиер Стивен Харпер, кој го поднесе ваквиот предлог минатата недела, има мнозинството од Парламентот, така што резултатите од гласањето беа очекувани.
Инаку, со одлуката се одобруваат воздушни напади на канадските сили во Ирак во времетрање од шест месеци и воедно се наведува дека во борбените операции нема да бидат користени копнени сили.
Во борбената мисија на канадското Воено воздухопловство ќе бидат вклучени шест ловци ЦФ-18, авиони-цистерни, два разузнувачки авиони и едно транспортно летало. Во мисија ќе учествуваат околу 600 лица воен персонал.