Канада вети дека ќе им помогне на земјите да престанат да користат руска нафта

Од:

Канада соопшти дека може да обезбеди повеќе нафта, гас и ураниум за да помогне во решавањето на глобалната енергетска криза, јави Би-Би-Си.

Канадскиот министер за природни ресурси Џонатан Вилкинсон изјави дека многу земји се посветени „да помогнат колку што можеме во однос на надоместувањето на руската нафта и гас“.

Четвртиот најголем производител на нафта во светот се обврза да извезе дополнителни 200.000 барели нафта.

Најголемата компанија за гасоводи во земјата „Енбриџ“ изјави за Би-Би-Си дека е подготвена да направи „се што е можно за да ја зголеми енергетската безбедност и за Северна Америка и за Европа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Паднаа цените на нафтата