Паднаа цените на нафтата

Од:

На глобалните пазари цените на нафтата паднаа минатата недела, по две недели раст, бидејќи централните банки најверојатно нема да ги намалат каматните стапки толку брзо, па не се очекува забрзување на економскиот раст и побарувачката на „црното злато“.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,2 отсто, на 81,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 3,4 отсто, на 76,49 долари. Во поголемиот дел од неделата, цените на нафтата не флуктуираа значително бидејќи беа поддржани од геополитичките тензии на Блискиот Исток.

Но, тие нагло паднаа во петокот, бидејќи трговците беа загрижени од пораките на американската централна банка за каматните стапки. Гувернерот на ФЕД, Кристофер Валер, рече дека банката треба да почека да ги намали каматните стапки барем уште неколку месеци за да биде сигурна дека инфлацијата во САД паѓа кон целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

ФЕД ги задржа клучните каматни стапки непроменети во опсег од 5,25 до 5,5 отсто од јули минатата година, а записниците од состанокот во јануари покажуваат дека повеќето функционери се претпазливи од ненадејно олабавување на монетарната политика.

Тоа значи дека се очекува дополнително забавување на растот на најголемата светска економија, како и потрошувачката, што значи дека не треба да се зголемува ниту побарувачката на нафта. Дотолку повеќе што Европската централна банка веројатно нема да брза со намалување на каматните стапки, па не се очекува раст на побарувачката ниту во Европа.

Покрај тоа, кинеската економија, најголемиот увозник на нафта во светот, не закрепнува толку брзо како што се надеваа трговците. Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годинава цената на нафтата на лондонскиот пазар е зголемена за околу 6 отсто, а на американскиот пазар за околу 7 отсто. Минатата година цената на нафтата падна за околу 10 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата благо пораснаа

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски