Канада ја суспендира употребата на вакцината на „АстраЗенека“ за помлади од 55 години

Од:

Канадскиот национален советодавен одбор за имунизација, кој го надгледува спроведувањето на кампањата за вакцинација против коронавирус, препорача вакцината од „АстраЗенека“ да се прекине и да не се дава на лица помлади од 55 години и побара нова анализа на ризикот од оваа вакцина заснован врз возраста и полот.

Овој потег доаѓа како резултат на извештаите од Европа за ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта, крварење и во некои случаи смртни случаи по вакцинирањето, особено кај помладите жени.

Не се пријавени такви случаи во Канада а се користени приближно 307.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“.

„Од она што го знаеме, е дека постои значителна неизвесност во однос на придобивките од користењето на вакцината од „АстраЗенека“ против коронавирус кај луѓе под 55-годишна возраст“, ​​се вели во писмената препорака на НАЦИ.

Постарите лица се изложени на поголем ризик од хоспитализација и смрт поврзана со болеста од Ковид-19, а компликациите се чини дека се поретки во оваа возрасна група, така што на нив може да им се понуди вакцината но претходно ако добро се информирани и со нивна согласност, велат независните експерти на НАЦИ.

Водени од овие препораки, одборот на водечки здравствени службеници, кој вклучува регионални и федерални претставници, соопшти дека ќе престане да ја користи вакцината на „АстраЗенека“ за лица под 55 години.

Комитетот додаде дека за одлуката се воделе од фактот дека Канада има и на располагање вакцини од други производители, а повеќето администрирани дози доаѓаат од „Фајзер“ и „Модерна“.

Околу 11,8 проценти од Канаѓаните примиле барем една доза од вакцината.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег