Пакистан одби да се сврти против Русија

Од:

Пакистан го одби барањето на Западот да ја осуди руската акција во Украина, а пакистанскиот премиер Имран Кан порача на западните дипломати, дека Пакистанците не се нивни робови.

„За што не сметате нас? Мислите дека сме ваши робови кои ќе направат се што ќе им кажете“, револтирано одговори пакистанскиот премиер, пренесува „Тајмс“.

Имран Кан потсетува дека последниот пат кога Пакистан ја поддржал активноста на САД и НАТО во Авганистан, земјата ја препплавил бран на насилство и незадоволство.

Според информациите на „Тајмс“, претходно амбасадорите на 22 држави објавиле заедничко писмо во кое го молат Исламабад да ја поддржи резолуцијата на Обединети Нации, која ја осудува акцијата на Русија во Украина.

Како што се наведува, Индија, Шти Ланка и Кина, исто така се воздржани од гласање во Генералното собрание на ОН.

Сите амбасадори на САД ги убедуваат државите да се придружат на санкциите против Русија, соопштила заменичката државен сектретар на САД, Викторија Нуланд.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците