Камионџиите бараат дозвола за протести во Брисел според канадскиот пример

Од:

Европските возачи на камиони во Брисел сакаат да организираат исти протести како во Канада, каде со денови камионџиите бараат повеќе “слобода“, јавува дописничката на МИА од Брисел.

“Конвојот на слободата“, како што се нарекуваат канадските демонстранти, протестира меѓу другото за право на избор за вакцинација, како и против рестриктивните мерки од пандемијата. Бројни групи од овие протести се блиски до екстремната десница.

Возачите во Европа пред речиси една недела најавија дека сакаат да организираат слични протести во престолнината на Европската унија, каде се наоѓаат главните институции на ЕУ.

Полицијата во Брисел има информации дека ваков протест би можел да се одржи на 14 февруари, но за сега нема официјална дозвола, пренесуваат белгиските медиуми.

Во Канада од крајот на јануари масовно се блокираат улиците под притисок на демонстрантите од “Конвојот за слобода“, а на социјалните мрежи се шират затворени групи кои планираат слични демонстрации ширум Европа, со Брисел како крајна дестинација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика