Камерон: Во борбата со тероризмот потребна е истата решителност како во војната со Хитлер

Од:

За да ја совлада заканата од тероризмот, Велика Британија мора да ја покаже истата решителност, што ја манифестираше во текот на Вторатата светска војна во борбата против Адолф Хитлер, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

На синоќешната традиционална вечера кај лорд-мејорот на Лондон, Камерон соопшти дека Владата одлучила да се зголеми воениот буџет на земјата до два отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, за да се задоволат воено-одбранбените потреби на Велика Британија.

Според оваа одлука, владата во Лондон ќе издвојува повеќе финансиски средства за „главните приоритети“ на одбраната и безбедноста, како што се беспилотните летала, најновата класа борбени авиони и софистицираната техника за кибер одбрана.

– Не може да се заштитат луѓето, седејќи од страна и посакувајќи светот да биде поинаков, туку мора да се дејствува, а тоа значи да се биде подготвен за употребата на воена сила, тогаш кога ќе биде потребно, изјави британскиот премиер Камерон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он