Камерон: Подготвен сум на компромис со Русија за да се порази ИД

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е подготвен на компромис со Русија, за да се порази и елиминира исламистичката милитантна група Исламска држава (ИД).

Изјавата за британските медиуми е дадена пред средбата на Камерон со рускиот претседател Владимир Путин.

Станува збор за прва средба на двајцата политички лидери во „четири очи“ по повеќе од една година.

Лондон и Москва целосно ги замрзнаа своите односи, по руската анексија на полуостровот Крим во март минатата година и по обвинувањата дека Русија директно се меша во украинската криза, помагајќи ги бунтовничките сили во источниот дел од земјата во реоните на Донецк и Луганск.

Велика Британија не е вклучена во напорите на ЕУ за решавање на украинската криза, но официјален Лондон е најгласен во одржувањето остра линија кон Русија и нејзниот претседател, продолжувањето на санкциите и за засилено воено присутво на НАТО на руските граници.

Изјавата на Камерон за подготвеноста за компромис со Москва, за елиминирање на ИД, доаѓа по повикот на Путин до Западот за заедничка борба против тероризмот.

– Во сегашните трагични случувања во Франција, ние мораме со заеднички сили да го поразиме тероризмот, изјави Путин.

Претходно, рускиот претседател на маргините на Самитит на Г20 во Анталија се сретна со американскиот претседател Барак Обама. Нивниот разговор во „четири очи“ двете страни го опишаа како конструктивен и мошне корисен.

Менувањето на западните позиции околу потребата за соработка со Москва во врска со борбата против ИД и тероризмот се случува паралелно со изјавата на францускиот премиер Мануел Валс за тоа дека терористичките напади во Париз „биле планирани во Сирија“, како и дека постои реална опасност тие да се повторат.

Даунинг стрит 10 по параиските напади објави дека безбедносните сили на Велика Британија спречиле седум заговори за терористички напади на британска почва, од кои еден во минатиот месец.

За британските медиуми Камерон потврди дека нема да бара ново гласање во Парламентот за вклучување на Кралското военото воздухопловство (РАФ) во напади во Сирија, се додека не обезбеди мнозинство за согласност меѓу пратениците.

Идниот месец, Владата во Лондон најави дека ќе ја објави новата британска стратегија за безбедност и одбрана со која во редовите на разузнавачкте агенции и прислушниот центар ќе се ангажираат дополнителни 15 отсто повеќе оперативци.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски