Камерон: Нападот врз Џихадистот Џон е пораз во срцето на ИД

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека доколку воздушниот напад врз екстремистот, познат како Џихадистот Џон бил успешен, тоа ќе претставува пораз директно во срцето на Исламска држава.

– Американскиот воздушен напад врз британскиот државјанин Мохамед Емуази беше заеднички напор. Британските разузнавачки служби работеа деноноќно на откривање на „главниот егзекутор“ на ИД, нагласи Камерон.

– Тој напад беше акт на самоодбрана и неговото извршување е оправдано, рече Камерон.

Тој додаде дека се уште се чека потврда дали нападот бил успешен.

– Тоа ќе им покаже на оние кои им наштетуваат на Велика Британија на нашиот народ и на нашите сојузници дека сме способни да стигнеме далеку, одлучни сме во тоа и никогаш не ги забораваме нашите граѓани, додаде Камерон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он