Камерон: Бомбардирањето на ИД во Сирија е во британски национален интерес

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека акцијата во Сирија и учеството на британското воено воздухопловство (РАФ) во бомбардирањето на позициите на џихадистите на ИД е во национален интерес на Британија.

Во излагање пред пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, Камерон ги отфрли тврдењата на противниците на ваквата акција, дека со вклучувањето на РАФ на сирискиот фронт, земјата ќе се претвори во поголема и поопасна цел за терористички напади од припадниците на ИД.

„Британија е веќе цел на терористите за напади врз нашата територија„ – рече британскиот премиер, инсистирајќи дека едиствениот начин да се спречат терористичките напади е преземањето акција против ИД и нејзините позиции.

Во својата елаборација на актуеланата состојба, Камерон рече дека Британија не би смеело да ја одделува својата безбедност од безбедноста на нејзините сојузници и дека сега е моментот Лондон да застане покрај Франција.

Повторното барање на владата, Парламентот да одобри британско учество во воздушните напади врз џихадистичките позиции во Сирија на меѓународната коалиција, предводена од САД, доаѓа две недели по терористичките напади во Париз во кои беа убиени 130 лица.

Парламентот во Лондон, во 2013 година го отфрли барањето на владата на Камерон за воена интервенција во Сирија, налик на онаа во Либија, во 2011 година, но минатата година прифати учество на британските авиони во бомбардирање на џихадистите на територијата на Ирак.

Пред нападите во Париз, а по вклучувањето на Русија во нападите во Сирија, Камерон одбиваше да го покрене одново случајот за британското учество настојувајќи да обезбеди доволно поддршка меѓу пратениците, за да не доживее уште еден пораз при гласањето.

Гласањето за сегашното барање на владата, е предвидено во наредните неколку недели.

Британската Комисија за надворешни работи, претходно, заклучи дека не би требало да има меѓународна интервенција , без една сеопфатна меѓународна стратегија за борбата со ИД и за завршувањето на војната во Сирија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он