Камерон: Бомбардирање на позициите на ИД ќе ја направи Британија побезбедна

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека бомбардирањето на позициите на џихадистите на Исламска држава (ИД) ќе придонесе Велика Британија да биде побезбедна.Отворајќи ја десетчасовната дебата во Долниот дом, околу владиното барање до Парламентот, да се дозволи британските авиони да ги бомбардираат позициите на ИД на сирискате територија, тој ги повика пратениците да ја подржат владата, затоа што тоа е во „национален интерес на Британија“.

Според британскиот премиер, Британија треба да им се приклучи на своите сојузници, во настојувањето да се ликвидира заканата што е надвисната над земјата.По дебатата што ќе трае до доцне вечерва, патениците ќе гласаат за владиното барање, а посматрачите најавуваат неизвесе н исход, иако до вчера се веруваше дека владата има обезбедено мнозинство, подржана и со гласовите на дел од опозициската Лабуристичка партија.

Дилемата се појави откако проконзервативниот „Дејли Телеграф„ ги нарече лидерот на лабуристите, левичарот Џереми Корбин и неговите истомисленици- „симпатизери на тероризмот“.

Дел од пратениците и во дел од домашната јавност се покрена барање, Камерон да се извини за „навредата кон своите политички противници„. Некои независни посматрачи сметаат дека тоа би можело да се сфати и како навреда за целата партија, што би можело да натера дел од лабуристите кои изјавуваат дека ќе гласаат за владиниот предлог, да се предомислат. Корбин денеска ги повтори своите познати погледи за војната, уште еднаш спротивставувајќи се на проширувањето на бомбашката мисија на британската авијација и врз Сирија.

Тој смета дека владата не покажала докази за вистинската закана од ИД, дека аргуметите се само претпоставки и дека не прифаќа- прво бомби, па потоа преговори- да биде правилото за решавање на ситуацијата во Сирија.„Не верувам дека бомбите ќе им ја донесат нашата демократија на луѓето„- рече Корбин, инсистирајќи дека во борбата против ИД, британските авиони ќе фрлаат бомби од кои ќе страдаат и цивили.

Пролевичарските весници тврдат дека „бомбите нема ништо да помогнат Британија да биде побезбедна„ и не му веруваат на премиерит дека во Сирија има „70 илјади умерени сојузници„ на Западот.Комисијата за надворешна политика на посебна седница, го отфрли барањето на владата.

Според „Тајмс„ истражувањето на агенцијата „Југав„ покажало оти помалку од половината Британци се согласуваат со операциите на британската авијација, против џихадистите во Сирија.Мерењото направено овој викенд, открива дека ова барање на владата го подржуваат 48 отсто од гласачите, наместо 59 отсто како што покажуваа анкетите пред десет денови.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он