Камала Харис почеста цел на дезинформации отколку Џо Бајден

Од:

Кандидатката за потпретседател на САД од Демократската партија, Камала Харис, почесто е мета на дезинформации од Џо Бајден, кандидат за претседател на САД од истата партија, или останати политичари мажи.

Според податоците на аналитичката фирма „Zignal Labs“, споделени денеска со некои американски медиуми, обемот на лажни наводи за Харис е четирипати повисок од обемот на дезинформации за мажите, кои од 2016 година претендирале да се номинираат за претседател.

Биле издвоени повеќе од еден милион споменувања со дезинформации насочени кон Харис, или четири отсто од општата дискусија на Твитер.

– Реториката за Камала Хорис е забележливо повеќе се гради околу нејзината личност, особено околу тој факт што таа е жена и не е бела, изјави раководителот на фирмата Џенифер Гренстон.

Во околу 300.000 твитови се тврди дека Харис нема законско право да биде претседетал на САД. Авторите на уште 300.000 твитови ја обвинуваат во тоа што таа користела лични односи за напредување во кариерата.

Истражувањето се заснова на анализата на споменувања според пребарувања и ознаки со лажни наводи за кандидати во социјалната мрежа Твитер. Сосема мал дел од лажните информација биле демантирани.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска