Калифорниските сенатори во заштита на руската геј популација

Од:

Демократите од Сенатот на Калифорнија апелираат до пензиските фондови на државните службеници, кои располагаат со милијарди долари, да престанат да инвестираат во Русија поради кршењето на правата на хомосексуалците.

Со предлог-резолуцијата се повикуваат пензиските фондови на државните службеници и на учителите да ги стопираат инвестициите во Русија се до решавање на проблемот.

Калифорнискиот пензиски фонд на државни службеници е најголем фонд во САД. Тој има инвестирано 266 милијарди во светот, од кои 12,4 милијарди долари во Русија.

Предлог-резолуцијата нема обврзувачки карактер. Таа е во знак на протест поради забраната истополови двојки да не можат да посвојуваат деца и против законот со кој се забранува рекламирање на хомосексуалноста на јавни места во Русија.

Со резолуцијата се бара од Меѓународниот олимписки комитет писмена гаранција дека геј спортистите на Зимската олимпијата во Сочи нема да бидат засегнати од рускиот закон за забрана на хомосексуалната пропаганда.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

А1он