Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

Од:

Англиската црква денеска се извини за нејзиниот третман кон луѓето од ЛГБТ заедницата, иако на истополовите парови сè уште нема да им биде дозволено да се венчаат во нејзините цркви. Извинувањето на црковните бискупи стои во извештајот по петгодишната дебата за ставот на црквата за сексуалноста.

Извештајот ќе биде доставен до црковното национално собрание, Генералниот синод, кој ќе се состане во Лондон идниот месец.

„Сакаме да се извиниме за начинот на кој англиската црква се однесуваше со ЛГБТ луѓето, и оние кои се молат во нашите цркви и оние кои не се молат. Длабоко ни е жал за сите времиња што ве отфрливме или исклучивме, и вас и оние што ги сакате. Приликите во кои добивте непријателски и хомофобичен одговор во нашите цркви се срамни и жалиме поради тоа“, се вели во соопштението на бискупите.

Без оглед на тоа, ставот на Англиската црква останува дека бракот е дозволен само за заедница меѓу еден маж и една жена.

Црквата предложи на истополовите парови да им се понуди можност да имаат црковна служба со молитви за осветување, благодарност или за Божји благослов откако ќе имаат граѓанска венчавка или ќе се регистрираат како граѓански партнери.

Истополовите бракови се легални во Англија и Велс од 2013 година, но црквата не го промени своето учење кога се смени законот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Бајден ќе потпише закон за заштита на хомосексуални бракови, ќе организира и прослава

А1он

Откако Путин го потпиша новиот закон, руските книжарници ги отстранија книгите со ЛГБТ теми

Обвинение за скопјанец кој тепал и малтретирал момче поради неговата сексуална ориентација

Мора Хили е првата гувернерка во САД припадник на ЛГБТК+ заедницата

А1он

(ВИДЕО) Испад на руски пропагандист: Војната е контранапад против трансродовите-нацистички вредности

А1он