Калифорнија се спрема за „Калегзит“

Од:

Предлог за отцепување на Калифорнија од Соединетите Американски Држави беше предаден до канцеларијата на државниот секретар на Калифорнија.

Иницијативата наречена „Калегзит“, по британскиот „Брегзит“, бара референдум на кој граѓаните на Калифорнија ќе може да отфрлат дел од уставот во кој се декларира дека Калифорнија е неразделив дел од САД.

Според последните истражувања на јавното мислење, еден од три жители на Калифорнија го поддржува овој референдум, пред се поради изборот на Доналд Трамп за претседател, иако во иницијативата никаде не се споменува претседателот.

Доколку овој предлог се изгласа, тогаш следен чекор ќе биде референдум на кој што ќе се гласа и за целосно отцепување.

За да се одржи референдумот по ова прашање, групата која што го организира „Јес Калифорнија“, треба да собере 600.000 потписи до 25ти Јули.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас