Калед Машал повторно на чело на Хамас

Од:

Калед Машал синоќа во Каиро повторно е избран за политички лидер на Хамас, јавија британските и палестинските медиуми, но тие извештаи не се потврдени.

Ако бидат потврдени, значи дека Машал е по четврти пат на чело на политбирото на Хамас, иако неколку пати во текот на минатата година, најавуваше дека нема да се кандидира.

Машал, кој живее во егзил, пристигна во Египет во саботата, кога пристигна и премиерот од Хамас во појасот Газа, Исмаил Ханија и други лидери на исламистичката организација.

Избран е наводно едногласно, јавува Скај Њуз на арапски јазик. Неговиот повторен избор е дочекан со силен аплауз од Шура советот, кој ги донесува одлуките, според изворите кои ги цитира палестинската новинска агенција.

Хамас официјално не ги потврди тие извештаи и некои медиуми во Египет и Газа наговестија дека допрва треба да се гласа. Машал наводно пристигнал од Катар, а другите членови на Шура Советот од другите арапски земји.

Гласањето за највисоката политичка позиција во Хамас е одложувано повеќепати од април минатата година поради притисокот на регионални играчи врз Машал, уште еднаш да биде лидер и покрај неговото одбивање.

Турската новинска агенција Анадолија објави дека Муслиманските браќа, египетскиот режим, Катар и Турција, сакале Машал да остане на чело на Хамас, поради “компликуваната и опасна ситуација со која е соочено движењето.”

Другите кандидати беа заменик на Машал, Муса Абу Марзук, кој живее во Каиро и Ханија.

Хамас го избира политичкото раководство секоја четврта година во голема тајност. Во јануари минатата година Хамас го затвори своето политичко седиште во Дамаск поради граѓанската војна во Сирија и оттогаш лидерите се населија ширум Блискиот Исток, потсетуваат израелските медиуми.

Ханија во Каиро, има намера да разговара за кршењето на договорот за примирје со Израел, на кое посредуваше Египет, по осум дена на насилства во ноември.

Би можело да ве интересира

Вашингтон му нуди на Израел разузнавачки информации за лидерите на Хамас во замена за откажување од нападите врз Рафах

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху: Немаме друг избор освен да го уништиме Хамас

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Хамас: Предлог за прекин на огнот во три фази

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски