Какво оружје и треба на украинската армија?

Од:

Киев Пост – Киев

Украина се надева дека ќе добие американски боево оружје со кое ќе го прекине прорускиот бунт во источните региони. Но, кои се потребите на Киев и што може Вашингтон да обезбеди?

Во текот на ноември, САД решија да и доделат на Украина воена помош од 118 милиони долари, но досега и доставиле само безбедносни појаси, медицинска опрема или на пример радари. Украина е меѓу најголемите производители на оружје во светот, но има потреба од модерни оружја за да им се спротивстави на бунтовниците, кои според обвиненијата на Киев и Западот, со опрема ги снабдува Москва.

– Имаме доволно „калашњикови“, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Павло Климкин, на неформална средба со западни новинари. – Имаме потреба од модерни технички средства за врски, апарати за попречувања на комуникациите, радари. Апаратура неопходна за една современа армија, додаде тој.

Причина повеќе, како што потенцираше Климкин, е тоа што „бунтовнците имаат можности да ги прислушуваат нашите комуникации за потоа да ја корегираат стрелбата“ врз украинските позиции.

Противтенковски ракети

Независни американски тинк-тенк организации објавија информација која ја изработија високи претставници во НАТО и претставници на САД во Украина, со која го повикаа Вашингтон да испрати оружје за Украина.

Затоа што Западот, според текстот, „треба да ги зголеми ризииците и цената“ за Русија, ако биде преземена нова офанзива во Источна Украина.

– Тоа значи директна воена помош во обем кој далеку ги надминува досегашните достави и ќе вклучува противавионски одбранбени орудија, се појаснува во документот. Се спомнува вредност на оружје во износ од три милијарди долари, од кои една милијарда долари „што е можно поскоро“.

Се зборува за достава на техника, како што се радари за артилериско разузнавање, дронови и системи за електронски попречувања на комуникациите, како и противтенковски ракети кои дефинитивно и недостасуваат на Украина.

Според авторите, Вашингтон подетално ќе ја проучи можноста да го снабди Киев со моќни противтенковски ракети „џавелин“, способни да разурнуваат и бункери. Разурнувачкиот ефект од нивната употреба го дознавме за време на војната во Ирак во 2003 година, кога со нив стрелаа по тенкови Т-72 од советско производство кои ги користеше ирачката армија.

Во информацијата се тврди дека САД треба на Киев да му испратат и радари со кои можат да се откриваат системите на проектили „град“, со опсег од 30 до 40 километри, кои ги користат сепаратистите.

За украинската армија, според информацијата, „ќе бидат корисни и разузнавачки дронови – неспорно вредна придобивка за да се следи движењето на сепаратистичките војски преку равниците во Источна Украина, како и џипови „Хамви“, кои обезбедуваат мобилност, брзина и заштита на бојното поле“.

Но, не станува збор за „смртоносна“ помош од САД. Ранетите украински војници – во 70 проценти од случаите при артилериски и минофрлачки напади, можат полесно да заздрават ако ги сместуваат во полски болници, додаваат експертите. Тие тврдат дека медицинските структури на украинската армија се „сосема слабо развиени и финансирани далеку од неопходното“.

– Други членки на НАТО треба да се здружат за екипирање на украинските сили со старо советско оружје, соодветно на техниката на украинската армија, посебно за противвоздушна одбана. Затоа што за да се снабди Украина со американски воздушни оружја ќе чини скапо, а за да се интегрираат тие во нивните системи за протввоздушна одбрана ќе „треба време“, се заклучува во информацијата.

Павло Климкин отворено призна какви цели си поставува Украина. – Невозможно е да ја добиеме војната против Русија. Важно е да не ја загубиме, изјави тој.

– Во моментов се разгледува евентуалната воена и техничка помош и многу силно се надевам таа да стане факт, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17