Кај напаѓачот од Лондон пронајдени снимки поврзани со ИД

Од:

Снимки, поврзани со групацијата Исламска држава и со неодамнешните напади во Париз, беа пронајдени во мобилниот телефон на напаѓачот, кој во саботата во метрото во Лондон рани две лица со ладно оружје, соопшти денеска Обвинителството во британскиот главен град.

Иследниците во телефонот пронашле и снимки од неодамнешна вежба на британската полиција.

Дваесет и деветгодишниот напаѓач Мухајдин Мајр се појави денеска пред Суд во Лондон, за да го чуе официјално обвинение за обид за убиство.

На сослушувањето, судијата во Општинскиот суд во лондонски Вестминстер, го објави обвинението и наложи обвинетиот Мајр, да остане во притвор.

Судот го префрли случајот на кривичнниот суд Олд Бејли, каде напаѓачот ќе се појави на ново сослушување на 11 декември.

Нападот што полицијата го оквалификувана како „акт на тероризам“, се случи на 5 декември во станицата на лондонската подземна железница Лејтонстоун.

За време на нападот, во кој тешко беше ранет 56-годишен маж, Мајр извикувал; „Ова е поради Сирија“. Ранетиот маж има здобиено посериозни повреди и исеченици, но лекарите соопштија дека тој не се наоѓа во животна опасност.

Второто повредно лице има лесни повреди, па по прегледот беше пуштен на домашно лекување.

Во првите извештаи за нападот, се тврдеше дека се повредени три лица, но полицијата подоцна соопшти дека една жена побарала лекарска помош од лекарите кои се нашле на местото на нападот, но таа не била повредена од ножот на Мајр.

Напаѓачот прво бил неутрализиран од безбедносните лица во подземната железница, а кога пристигнала полицијата бил совладан со електричен пиштол.

Денеска беше зајакнато полициското присуство во транспортниот систем во Лондон.

Британскиот премиер Дејвид Камерон нападот во метрото денеска го оцени како „грозоморен чин“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он