Каиро: Резултатите од референдумот на проверка

Од:

Објавувањето на резултатите од референдумот за контроверзниот нацрт на новиот египетски устав е одложено за утре додека властите не ги проверат наводите за неправилности.

Според прелиминарните резултати, повеќе од 60 отсто од граѓаните гласале за нацрт-уставот, кој беше одобрен од претседателот Мохамед Морси, но официјални лица се ‘уште ги испитуваат наводите на опозицијата за неправилности, а резултатите ќе бидат објавени утре, објави BBC.

Доколку документот, чија содржина предизвика насилни немири во последниве неколку недели, биде усвоен, изборите ќе мора да се одржат во рок од два месеци, а длабоките поделби во земјата, кои овој текст ги предизвика, најверојатно ќе продолжат. Во меѓувреме, законодавна надлежност ќе има горниот дом на парламентот, Шура советот.

Референдумот беше спроведен во две фази – еден дел од покраините гласаше на 15, а другиот на 22 декември, а одѕивот како што се оценува, беше низок – околу 30 проценти.

Нацртот на новиот устав го изработи парламентот во кој доминираат исламисти, симпатизери на претседателот Морси кои овој документ го сметаат за клучен чекор во транзиција на земјата кон демократија.

Опозицијата, пак, вели дека нацрт текстот ги фаворизира исламистите и не ја штити слободата и човековите права кои беа цел на востанието против владеењето на Хосни Мубарак минатата година.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски