Каиро: Опозицијата го отфрла референдумот

Од:

Коалицијата на египетските опозициски партии соопшти дека го отфрла референдумот за предложениот нов устав. Египетските исламистички групи најавија демонстрации.

Националниот фронт на спасот, исто така, ги повика поддржувачите да излезат на масовни протести против нацрт уставот, за кој верува дека не постои општа согласност и дека не ги застапува на прав начин интересите на жените и малцинствата.

“Националниот фронт на спасот го отфрла референдумот кој треба да се одржи на 15 декември”, изјави на прес-конференција претставникот на коалицијата Хусеин Абдел Гани, додавајќи дека опозицијата од почетокот била против него.

Во соопштението се вели дека “одржување на референдумот сега кога ситуацијата не е безбедна, ја потврдува итноста и недостатокот на одговорност на режимот, а сето тоа ја води целата земја во жестока конфронтација.”

На прес-конференцијата не присуствуваа главните лидери на фронтот – координаторот Мухамед ЕлБарадеј , поранешениот египетски министер за надворешни работи Амр Муса и левичарот Хамдин Сабани.

Претседателот на Египет Мохамед Морси го укина декретот со кој себе си си даде преголема надлежност и предизвика политичка криза пратена со повеќенеделни масовни улични протести, но според првичните индикации, неговата отстапка нема да ја задоволи се погневната опозиција.

“Уставниот декрет од овој момент е поништен”, изјави исламистичкиот политичар и советник на Морси, Селим ал-Ава, во саботата вечер на прес-конференцијата по состанокот со претседателот и другите политички лидери.

Ава рече дека исто толку контроверзениот референдум за предложениот нов устав ќе се одржи на 15 Декември, како што е планирано. Претседателот има уставна должност да се држи до овој датум и не постои друг избор, пренесува АФП.

Тој рече дека ако нацрт-уставот биде отфрлен, новиот предлог ќе го состават претставници избрани од граѓаните, а не претставници избрани од страна на парламентот како што е случај сега.

Сегашниот нацрт на уставот беше критикуван поради намалување на човековите права и правата на жените, и стравот дека со него ќе биде воведено и исламско толкување на законот.

Отстапката на Морси е гест со кој што треба да бидат овозможени разговори со опозицијата, но опозицијата очигледно не е задоволна со тоа.

Египетските исламистички групи, вклучувајќи го движењето Муслимански браќа, на претседателот Мохамад Морси, утре ќе одржат демонстрации, истиот ден кога опозицијата најави протести, соопшти портпаролот на Муслимански браќа Махмуд Гозлан.

Сојузот на исламски сили “, повикува на демонстрации во вторник под слоганот “да за легитимноста” во знак за поддршка на референдумот за Уставот за кој се залагаше Морси”, рече Гозлан.

Протестните собири на двете спротивставени страни поттикнуваат ризик од можни судири како оние минатата среда во Каиро, при што загинаа седум лица, а беа повредени неколку стотици луѓе, пренесе АФП.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски