Кадиров: Вистинскиот непријател на Русија не е Украина

Од:

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека Русија не е против Украина, туку против НАТО.

– Денес не се бориме против Украина, ние се бориме против НАТО. НАТО ги вооружува, Западот ги вооружува, нивните платеници се таму, изјавил Кадиров, пренесуваат руските медиуми.

Кадиров претходно изјави дека агресијата, или како што тој ја нарекува – „специјална операција во Украина“, се одвива според планот.

Кадиров во острото обраќање до јавноста рече и дека германскиот канцелар Олаф Шолц „се однесува шизофренично“, а секако ги коментираше и потезите на американскиот претседател Џо Бајден.

– Американскиот претседател Џо Бајден му диктира на Западот, иако самиот ништо не сфаќа, рекол Кадиров, пренесува Н1.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков