Кадиров ја критикуваше забраната за носење брада: Тоа е провокација

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вчера ја критикуваше забраната за носење брада меѓу руските војници.

Во интервју за порталот РБЦ во средата, пензионираниот генерал-полковник и пратеник во рускиот парламент ја оправда забраната за носење брада, паметни телефони и таблети како „елементарен дел од воената дисциплина“.

Кадиров, кој зборуваше за улогата на своите војници во војната во Украина, ги коментира и зборовите на генералот Соболев.

„Генерал-полковникот Виктор Соболев очигледно има многу слободно време бидејќи нема што да прави, освен повторно да го прочита воениот кодекс на однесување“, напиша Кадиров на „Телеграм“.

Кадиров коментарот на Соболев го нарече јасна провокација. Тој рече дека неговите војници главно биле муслимани и дека носеле бради како дел од нивната верска должност.

Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, чиј раскол со одбранбениот естаблишмент станува сè поочигледен, коментарите на Соболев ги нарече „апсурдни“ и „архаизми од 60-тите“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков