Кацин: Нема индикации дека веднаш ќе биде употребен механизмот за суспензија на безвизниот режим

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија и Западен Балкан Јелко Кацин изјави дека нема индикации дека некои земји од Европската унија веднаш или во брзо време ќе го искористат механизмот, кој им овозможува на земјите членки на ЕУ одделна суспензија на безвизниот режим, што беше денеска усвоен од ЕП.

– Такви најави нема. Не сакам да измислувам. Ова не е вистина. Треба да бидеме одговорни и рационални, изјави Кацин, критикувајќи ги оние што на Западен Балкан креваат паника во однос на визниот режим.

Според него драмата што настана во врска со механизмот за суспензија на безвизниот режим е непотребна, неодговорна и контрапродуктивна.

– Добивме механизам што треба да се користи со цел да се спречи повторно воведување визи, а не спротивно. Ова е значителен чекор за спречување на повторно воведување на визи. Зборуваме за механизам што се користи кон трети земји, односно нивните граѓани при влез во ЕУ. Тоа значи дека ниту една земја од ЕУ не може сама и преку ноќ да направи нешто, туку дека се треба да мине низ постапка. Тоа бара соодветен одговор од двете земји, до државите во кои доаѓаат лажните азиланти, како и земјите од кои доаѓаат тие. Самиот факт дека постои овој механизам на некој начин треба да ги направи посериозни двете страни, нагласи тој.

Според одлуката на ЕП механизмот во однос на Црна Гора, Србија и Македонија може да биде искористен до декември 2016 година, додека за Босна и Херцеговина и Албанија, истот може да се искористи до декември 2017 година.

Европскиот парламент го изгласа со 328 гласа за, 257 против и 46 воздржани одобрувањето на механизмот со кој се овозможува суспензија на безвизниот режим од страна на некои земји членки на ЕУ, доколку тоа е потребно.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ