Повеќе од 78 отсто од гласачите го поддржаа предлогот Јужна Осетија да биде преименувана во Аланија, соопшти претседавачот на Изборната комисија на земјата Бела Плијева.
– Дури 78,2 отсто од избирачите гласаа за преименување, додека 21,8 беа против, наведе Плијева, според резултатите од 27 од 77 изборни единици, јави ТАСС.
Вчера во Јужна Осетија се одржаа претседателски избори и истовремено се гласаше и на референдумот за смена на името.