Јужна Кореја го суспендира договорот за размена на разузнавачки податоци со Јапонија

Од:

Јужна Кореја соопшти дека го поништува договорот за размена на разузнавачки податоци со Јапонија, со што судирот поради историските прашања и трговијата би можеле дополнително да ескалираат и да се намали безбедносната соработка за прашањата за Северна Кореја.

Одлуката е објавена по неколку часовната дебата во Националниот безбедносен совет (НСЦ). Договорот за општа безбедност на воените информации (ГСОМИА) требаше автоматски да биде обновен во саботата во случај ако ниту една страна не одлучи да го укине.

– Јапонија направи сериозна промена во билатералната безбедносна соработка кога на Јужна Кореја и го укина статусот на префериран трговски партнер, наведувајќи загриженост за безбедноста без да достави докази. Поради таквата ситуација одлучивме дека не е во наш државен интерес да се зачува договорот што го потпишавме со цел размена на воени информации важни за безбедноста, изјави заменик директорот на НСЦ, Ким Ју-геун.

Портпаролот на јапонската Влада Јошихаде Суга, пред Сеул да објави дека го поништува Договорот, посочи дека „иако односите помеѓу Јапонија и Јужна Кореја во моментот не се добри, веруваме дека треба да соработуваме со Јужна Кореја таму каде е потребна соработка“.

САД најверојатно нема да бидат задоволни со одлуката на Сеул за ГСОМИА бидејќи договорот е важен за сузбивање на севернокорејските закани со нуклеарно оружје и проектили.

Јужна Кореја претходно предупреди дека би можела да го поништи договорот откако Јапонија го ограничи увозот на материјали за јужнокорејското производство на чипови и го укина статусот на префериран трговски партнер.

Сеул тоа го оцени како одмазда од Јапонија поради одлуката на Врховниот суд на Јужна Кореја, кој минатиот октомври на јапонските фабрики им нареди да им исплатат компензација на работниците кои беа принудени да работат во текот на летото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија