Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Од:

Два авиони на „All Nippon Airways“ денеска се судрија во помал инцидент на пистата на аеродромот лоциран меѓу префектурите Осака и Хјого во западна Јапонија, но нема повредени, јавува јапонската Кјодо.

Инцидентот се случил околу 10.10 часот по локално време, на домашниот терминал на аеродромот Итами, соопшти компанијата „Кансаи аеродроми“.

Да потсетиме, ова е трет инцидент на аеродромите во Јапонија.

Пред две недели се судрија два патнички авиони, кога авион на корејска компанија удри во авион на „Катај Пацифик ервејс“ на аеродромот Њу Читозе на северниот јапонски остров Хокаидо.

На почетокот на јануари во Јапонија се судрија патнички авион и авион на крајбрежната стража.

Би можело да ве интересира

Авион се урна во Њујорк

(ВИДЕО) Се урна авион во Полска, засега не се знае дали има преживеани

(ВИДЕО) Руски авион Суперџет се урна во Подмосковље, загинаа сите членови на екипажот

(ВИДЕО) Се запали опремата за слетување во авионот на саудиска компанија, патниците се евакуирани

ВИДЕО: Драматична снимка од летот на Боинг: Луѓето хипервентилираа, авионот во слободен пад

ВИДЕО: Драма во авион: Луѓето паѓаа во бесознание