„Јурт“: Бунтовниците го бомбардираа Акчакале – со гранати кои ги користи само НАТО

Од:

Турскиот весник Јурт објави информација дека гранатите што паднаа во средата во градот Акчакале и со тоа убија пет цивили, беа испалени од бунтовниците и дека се работи за гранати кои ги користи НАТО сојузот а не сириската војска. Понатаму, весникот врз основа на изворите укажува дека истите гранати им се дадени на бунтовниците од страна на Турција, конкретно на насловната страница се истакнува владејачката партија на Ердоган АКП -” Акчакале гаѓано со ракети дадени од АКП.” Од овие информации може да се заклучи дека турскиот премиер Ердоган поради својата политика е директно одговорен за смртта на цивилите во Акчакале.

Текстот е потпишан од уредникот на весникот Јурт, Мердан Јанардаг, и наведува дека информациите доаѓаат од доверливи извори. Исто така укажува дека т.н.. “Слободна Сириска Војска” ги добила гранатите од Турција, и дека Ердоган спроведува планови директно по инструкции на САД. “Овие информации потврдуваат дека владата на Ердоган и погрешните политики се одговорни за бомбардирањето на градот и смртта на пет турски граѓани”, се вели во текстот. Исто така се укажува дека беше потврдено дека куршумите и гранатите користени од страна на бунтовниците доаѓаат од магацините на НАТО. Многу од одземената муниција од страна на сириската армија во Алепо, исто така потврдува дека бунтовниците го користат вооружувањето на НАТО.

Не е никаква тајна дека Турција ги вооружува бунтовниците во нејзината територија. Извештајот на Ројтерс од крајот на јули оваа година, исто така, потврди дека е воспоставена посебна воена база во близина на американската воена база во Турција, каде што се тренираат и вооружуваат бунтовниците. Ако информацијата што ја пренесува весникот Јурт е точна, Ердоган би можел да се најде во голема неволја.

Турскиот весник не е единствениот кој досега ја потврди оваа информација, влијателниот германски телевизиски канал ЗДФ во своја репортажа наведува како бунтовниците ја гаѓаат турската територија. Покрај тоа, германскиот канал во неколку извештаи посочи дека зад провокативните напади стојат бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски